Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

Од:

На 8 март изминуваат 10 години откако исчезна летот МХ-370 на Малезија Ерлајнс. Случајот со овој авион и до ден-денес не е разрешен.

Летот МХ-370 заедно со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезна од радар за време на патувањето од Куала Лумпур до Пекинг. Оттогаш овој случај е завиен во мистерија.

Останки од авионот се појавија на брегови во Африка и на островите на Индискиот Океан. За дел од деловите се уште не е потврдено дали припаѓаат токму на исчезнатиот авион.

Во пресрет на годишнината, министерството за транспорт на Малезија бара одново да се отвори истрагата, со цел семејствата на исчезнатите патници од летот да добијат завршеток на оваа агонија која трае цела деценија.

Малезија одамна соработува со компанијата Ocean infinity со цел да се пребараат што повеќе делови од дното на Индискиот Океан. Претходно истрагата ја водеа тимови од Малезија, Кина и Австралија. Семејствата на патниците, особено оние од Кина, веќе бараат отштета од Малезија Ерлајнс, Боинг и Ролс РОјс, кои биле производители на моторот на Боингот, како и од осигурителната компанија Алијанц.

Би можело да ве интересира

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците