Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Од:

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека турските разузнавачки сили го убиле лидерот на Исламската држава Абу Хусеин ал Кураши во Сирија.

„Тоа лице беше неутрализирано вчера во рамките на операцијата на Турската национална разузнавачка организација во Сирија“, рече Ердоган во интервју за телевизијата ТРТ Турк.

Ердоган рече дека разузнавачката организација долго време го гонела Кураши.

Сириски локални и безбедносни извори соопштија дека рацијата се случила во северниот сириски град Џандарис, кој е под контрола на бунтовничките групи поддржани од Турција и еден од најтешко погодените во земјотресот на 6 февруари што ги погоди и Турција и Сирија.

Сириската национална армија, опозициската фракција во областа, немаше моментален коментар.

Еден од жителите изјави дека судирите почнале на периферијата на Џандарис во ноќта од саботата кон неделата и траеле околу еден час пред жителите да слушнат голема експлозија.

Областа подоцна беше опколена од безбедносните сили за да спречат некој да се приближи до областа.

ИД го избра Ал Кураши за свој водач во ноември 2022 година, откако претходниот лидер на ИД беше убиен во операција во јужна Сирија.

Исламската држава презеде контрола врз големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, а нејзиниот лидер во тоа време, Абу Бакр ал-Багдади, прогласи исламски калифат на територијата на која живееја милиони луѓе.

Но, ИД ја загуби контролата врз територијата по кампањите на сириските и ирачките сили поддржани од САД, како и сириските сили поддржани од Иран, Русија и разни паравоени сили.

Останатите членови на ИД главно се кријат во оддалечените делови на двете земји во последниве години, иако сè уште се способни да извршат ненадејни напади од големи размери.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Путин ја откажува посетата на Анкара-не оди без придружба од руски воени авиони во Турција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата