Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Од:

Најмалку 10 лица загинаа денеска откако мал авион се урна на автопат во малезиската држава Селангор, северно од Куала Лумпур.

Во несреќата, освен шесте патници од авионот и двајца членови на екипажот, загинале мотоциклистот и возачот на автомобилот врз кој паднал авионот.

Според Управата за цивилно воздухопловство на Малезија, авионот со шест патници и двајца членови на екипажот се урнал по полетувањето од меѓународниот аеродром на туристичкиот остров Лангкави на пат кон аеродромот Султан Абдул Азиз Шах во градот Субанг.

Во соопштението се наведува дека контролната кула во Субанг забележала чад од местото на несреќата, но дека од авионот не бил испратен повик за помош, пренесува Си-Ен-Ен.

Авионот удрил во автомобил и мотоцикл, од кои секој превезувал по едно лице.

„Форензичкиот персонал ги собира посмртните останки за постмортум и процес на идентификација“, рече началникот на полицијата во Селангор, Хусаин Омар Кан, додавајќи дека Министерството за транспорт ќе спроведе истрага.

Би можело да ве интересира

Авион се урна во Њујорк

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

(ВИДЕО) Руски авион Суперџет се урна во Подмосковље, загинаа сите членови на екипажот

(ВИДЕО) Се запали опремата за слетување во авионот на саудиска компанија, патниците се евакуирани

ВИДЕО: Драматична снимка од летот на Боинг: Луѓето хипервентилираа, авионот во слободен пад

ВИДЕО: Драма во авион: Луѓето паѓаа во бесознание