Малезиската специјална полиција за антитероризам денеска уапсила десетмина видни активисти на движењето за поддршка и ширење на идеите и праксата на Исламската држава. Меѓу уапсените се шестмина припадници на безбедносните сили на Малезија и две жени. Потенцијалните терористи, уапсени во еколку градови, планирале терористички активности и прогласување на исламски калифат на територијата на Малезија.
Кај уапсените се пронајдени планови за бомбашки напади на владини згради и странски компании во Куала Лумпур. Двете жени се сопруги на веќе уапсени терористи кои се вратиле од боиштата во рак и Сирија.
Од февруари минатата година во Малезија се уапсени 121 припадници на групите за поддршка на Исламската држава. Медиумите потсетуваат дека минатиот месец се притворени осум припадници на армијата. Тројца од нив се веќе обвинети, за други тројца истрагата уште трае, а двајца се ослободени поради недостиг на докази.