(ВИДЕО) Руска ТВ објави застрашувачка снимка: Во очекување на нуклеарен конфликт

Од:

Руската НТВ објави прилог со наслов „Во пресрет на нуклеарен конфликт – како оружјето за масовно уништување стана дел од геополитичката игра“.

НТВ, која е во сопственост на руската гасна компанија „Гаспром“, објави застрашувачки прилог за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарна бомба.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување, пренесува Вечерњи лист.

„Ние сме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

„Моќта на Русија се заснова на нејзиниот нуклеарен арсенал“, додава тој, а прилогот покажува и како оружјето оди на запад од Краснојарск, град во Сибир.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани