ВИДЕО: Ова е морничавото оружје што Русите го испратија во Украина – ТОС-1

Од:

Во вторникот, Украина ја обвини Русија дека на шестиот ден од инвазијата, на украинска територија употребила термобарично оружје, познато и како вакуумска бомба.

„Денес употребија вакуумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави Оксана Маркарова на новинарите по напуштањето на состанокот со американските конгресмени во Вашингтон.

Сепак, западните медиуми досега не успеаја самостојно да го потврдат ова сериозно обвинување.

Но затоа пред неколку дена беше потврдено дека ваквото оружје – поточно рускиот мобилен ракетен систем ТОС-1 – навистина е на пат кон Украина. Си-Ен-Ен го сними во саботата на руско тло на пат во близина на границата со Украина, јужно од Белгород, град во југозападна Русија.

Висок официјален претставник на американската одбрана потврди за Форин полиси во вторникот дека руската војска навистина донела ракетни системи способни да истрелуваат термобарични ракети. Анонимниот службеник одбил да потврди каде точно руската војска ги поставила термобаричните фрлачи и дали тие се користени.

Вакуумска бомба или термобарично оружје, исто така наречена аеросолна бомба, се состои од резервоар за гориво и две експлозивни полнења. Може да се користи на два начина – или со фрлање од авион како бомба или испукување како граната или ракета, пишува Би-Би-Си.

Ова оружје функционира така што со првата детонација го отвора резервоарот за гориво и го распрснува горивото како облак што може да навлезе во секоја зграда, бункер или тунел што не е херметички затворен.

Второто полнење потоа го активира и произведува огромна огнена топка. Детонацијата го вшмукува кислородот од околниот воздух за да произведе експлозија на екстремно висока температура, која потоа обично произведува експлозивен бран со значително подолго траење од детонацијата на конвенционалните бомби. Експлозијата на вакуумската бомба може да ги претвори погодените тела на жртвите во пареа, пишува Ројтерс.

Во 2007 година Русија го тестираше своето најголемо термобарично оружје, таканаречениот „татко на сите бомби“, што предизвика експлозија еквивалентна на конвенционална бомба од 44 тони. Ова ја прави најголемата ненуклеарна експлозивна направа во светот, посилна од американската „мајка на сите бомби“ фрлена во 2017 година врз Талибанците во Авганистан.

Не се знае на што точно украинските власти ги темелат своите тврдења дека оружјето веќе било користено во нападот, но во вторникот на интернет почнаа да кружат снимки од нападот, односно експлозија за кои некои коментатори шпекулираат дека може да бидат токму од термобарично оружје.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани