ВИДЕО: Индонезиска пејачка по каснување од кобра пееше уште 45 минути, по што почина

Од:

Индонезиската поп ѕвезда Ирма Буле (29) почина по настапот во Караванг во западниот дел на Јава, откако за време на концерт беше касната од змија.

Како што јави „Дејли Мејл“, Буле случајно нагазила на кобрата која била на бината како дел од сценографијата, по што змијата ја каснала за ногата.

По каснувањето таа одбила да и биде укажана помош од лекари и продолжи со концертот уште 45 минути, пред да почне да повраќа. Концертот тогаш сепак бил прекинат и младата пејачка била пренесена в болница, каде починала.

Буле беше позната по тоа што и порано на нејзините концерти користела опасни змии, како бои и питони.

Кобрите се едни од најопасните змии во светот, а нивниот отров може да усмрти дури и слон. Но, тие вообичанено се плашливи кога се во близина на луѓе и напаѓаат само ако немаат можност да побегнат.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски