Унгарија и Полска останаа цврсто на одлуката за вето на седумгодишниот буџет на ЕУ

Од:

Шефовите на држави и влади на ЕУ за време на денешната видео-конференциска врска не успеаја да го решат прашањето за деблокада на седумгодишниот нацрт- буџет на Европската унија за 2021-2027 година во износ од 1,07 трилиона евра, поставена од Унгарија и Полска, и планот за економско закрепнување по пандемијата од 750 милијарди евра, изјави вечерва европски дипломат.

-Расправата за денеска заврши. За жал, видеоконференцијата не е оптимален формат за решавање на прашањето за повеќегодишниот рамковен буџет на ЕУ, изјави дипломатот.

„Земјите на ЕУ се согласија за основните принципи на буџетскиот план на ЕУ за 2021-2027 година, вклучувајќи го и владеењето на правото. За тоа да стане реалност, меѓутоа, потребна е едногласна одлука од сите земји на ЕУ “, додаде изворот.

Ова значи дека лидерите на ЕУ или ќе свикаат посебен самит за да разговараат за седумгодишниот буџет, или оваа тема ќе стане клучна на планираниот самит на ЕУ на 11-12 декември, што најверојатно ќе се одржи со лично присуство на лидерите, а не преку Интернет.

Унгарија и Полска го блокираа одобрувањето на новиот буџетски план на ЕУ, протестирајќи против одлуката за формирање механизам за следење на усогласеноста со владеењето на правото во земјите од Заедницата во 2021 година, така што буџетските средства на Брисел се распределуваат врз основа на резултатите од ова набљудување.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера го бранеше ветото, обвинувајќи ги властите во Брисел дека сакаат да ја принудат Унгарија да ја смени својата политика за ограничување на имиграцијата.

На почетокот на ноември, Советот на ЕУ објави дека усогласеноста со владеењето на правото станува, за прв пат, одлучувачки критериум за распределување на буџетските расходи меѓу членовите на заедницата.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски