(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во несреќа на унгарскиот рели „Естергом-Нјергес“. Се уште не се познати точните околности на несреќата, трката е прекината, а на местото пристигнале неколку спасувачки хеликоптери.

Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, удрил во група гледачи. Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишува на полицискиот сајт. Несреќата се случила за време на трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот во северозападна Унгарија.

Детали за трагедијата се објавени на Фејсбук страницата Rally Life. „Возачкиот тандем кој се натпреваруваше со Škoda Fabia R5 случајно удри во толпата, при што беа повредени околу 30 луѓе“, се вели во известувањето.

По трагедијата, на местото на несреќата се испратени возила на брза помош и спасувачки хеликоптери. Каталин Себо, организатор на Националната служба за брза помош, изјави за Index.hu дека осум амбулантни возила и четири спасувачки хеликоптери пристигнале на местото на настанот.

Четири лица загинаа, едно дете е тешко загрозено, едно лице е тешко повредено, а шест лица (меѓу нив и дете) се пренесени во болница со полесни повреди“, соопштија локалните власти.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати