Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Од:

Унгарија ќе го блокира доделувањето на ЕУ од две милијарди евра воена помош за Украина додека не добие гаранции дека унгарските компании нема да бидат вклучени на украинската црна листа.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто наведува дека ставот на Будимпешта ќе остане непроменет додека не добие гаранции од украинската страна дека ќе престане да ги прогонува унгарските компании.

Унгарската влада претходно неколку пати изјави дека нема да се согласи следната транша од 500 милиони евра од Европскиот мировен фонд да ја искористи за воена помош за Украина. Будимпешта продолжува да ги блокира средствата бидејќи Киев сè уште не дал гаранции дека неоправдано нема да вклучи унгарски компании на листата на „меѓународни воени спонзори“ составена од Националната агенција за борба против корупцијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ