Украинско МНР: Шрапнел уби 14-годишно момче во Украина

Од:

Руските сили убиле докторка, педијатар која се обидела да стигне до телото на нејзиниот 14-годишен внук кој загинал по гранатирање во Украина.

Арсен (14) го загуби животот од повреди од шрапнел, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Службата за итна помош не можела да пристапи до областа и да го извлече неговото тело од урнатините поради постојаното ракетирање, па тоа го направила неговата тетка Марина Калабина.

Калабина, докторка која работела на Одделот за детска кардиологија и кардиохирургија, го однела телото на нејзиниот внук во болница во Кухари, Киев, кога Русите пукале во нејзиното возило, пишува Evening Standard.

„Загинала на лице место“, соопшти Министерството за здравство.

Членовите на семејството сега не можат да стигнат ниту до телото на Арсен ниту до телото на неговата тетка бидејќи областа е под руска контрола.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани