Украинската делегација со хеликоптер пристига на преговори

Од:

Украинската делегација патува со хеликоптер за да се сретне со руските колеги на втората рунда разговори, изјави за Ројтерс советник на украинскиот претседател.

Преговорите меѓу Украина и Русија ќе започнат за неколку часа, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подолиак.

Претходно, белоруската државна новинска агенција Белта го цитираше рускиот главен преговарач Владимир Медински, кој рече дека втората рунда преговори ќе започне во Белорусија во 13 часот.

Рускиот преговарач претходно изјави дека на маса е и прекин на огнот, но Украина рекла дека барањата на Москва се неприфатливи и дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да се очекува каков било напредок.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани