Суд во Тексас пресуди Алекс Џоунс да плати 50 милиони долари оштета за клевата

Од:

Суд во Тексас му изрече казна во висина од 45 милиони долари на Алекс Џоунс, основач на веб-сајтот „Инфоварс“. Парите се оштета за родителите на жртвите од масакрот во училиштато Сенди хук кои го тужеа Џоунс за клевета.

„Инфоварс“ e еден од главните мегафони во САД за ширење теории на заговор и дезинформации, како за национални трагедии, така и за Ковид-19 или за изборите. Својата радио програма и веб содржини Џоунс ги емитуваше на огромна публика во САД.

Веднаш по оружениот напад во основното училиште Сенди хук во 2012 година, кога загинаа 26 лица, вклучувајќи 20 деца на шест и седумгодишна возраст, Џоунс известуваше дека „никој не умрел“, и дека нападот бил исцениран од активистите за контрола на оружјето во САД за да се создаде расположние за отстранување на оружјето.

Нил Хеслин и Скарлет Луис, родители на шестгодишната жртва Џеси Луис, дадоа искази дека добивале постојани закани по емисиите на Џоунс “ а поврзано со Сенди хук.

Одлуката на судот синоќа дојде по судската одлука завчера кога истата порота пресуди оштета во полза на тужителите во висина од 4.1 милион долари. Со тоа, вкупната сума што Џоунс треба да ја отплати на родителите е во висина од 50 милиони долари.

Во тужбата тие бараа оштета од 150 милиони долари.

Адвокатите на родителите побараа од судот да ја заврши „златната треска од страв и дезинформација “ на Џоунс.

Весникот „Тексас трибјун“ истакна дека медиумската империја на Џоунс се урива откако неколку компании веќе отишле во банкрот,

Независен економски проценител кој сведочеше на судењето укажа дека од 2015 и 2018 година Џоунс од својата компанија „Фри спич системс“ заработил 18 милиони долари, и дека добил исплати од 62 милиони во 2021, а поврзано со друга тужба за клевета околу Седни хук.

Неговото вкупно богатство е проценето меѓу 135 и 270 милиони долари, вклучувајќи ја и неговата компанија „Фри спич системс“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Катерина Ѓуровски

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство