Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Од:

Најмалку две лица загинаа, а многу се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.

Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја, пренесува Ројтерс.

Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти.

Невремето предизвика штета и во градот Клермор, Оклахома, каде урна далноводи, корнеше дрвја и блокираше патишта, соопшти полицијата.

Топлотниот бран го зафати југот на Тексас, каде за викендот на некои места се предвидуваат температури и до 49 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

ВИДЕО: Торнада ја „нападнаа“ Оклахома

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени