ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Од:

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според адвокатот на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот.

Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат.

Активистите во универзитетскиот кампус синоќа не го испочитуваа рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за суспендирање на студентите.

Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, но, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа