САД ја предупредија Турција да не тргува со руски поединци и компании кои се предмет на санкции

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги предупреди турските компании да не соработуваат со руски поединци и компании, кои се предмет на санкции од Западот, објави турскиот весник „Џумхуриет“.

Американскиот заменик министер за финансии Воли Адејемо на 22 август испратил писмо до Американската стопанска комора во Турција на 22 август, предупредувајќи на можна соработка на турски со руски компании.

Во писмото се наведува дека соработката на турските компании со Русите кои се предмет на санкции може да доведе до воведување санкции врз нив од страна на САД.Р

Писмото е испратено и до Здружението на турски индустријалци и бизнисмени (ТУЦИАД).

Адејемо во писмото се наведува дека „оние кои обезбедуваат материјална поддршка на поединци или организации што на листа со санкции на САД се изложени на ризик од американски санкции“.

Турските банки се во меѓусебен контакт со санкционираните руски банки и не можат да го одржат истиот однос со американските банки, се наведува во писмото.

Турското Министерство за финансии и Државниот трезор претходно објавија телефонски разговор помеѓу турскиот заменик-министер за финансии Јунус Елитас и неговиот американски колега Адејемо, во кој Анкара гарантирала дека нема да дозволи ниту едно лице или институција да ги прекрши воведените санкции кон за Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски