Непал: По разорниот уште 58 земјотреси, сеизмолозите предупредуваат на следните два дена

Од:

Последователните потреси и треперење на почвата можат да продолжат следните 72 часа по првиот со најголемата магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, предупреди во саботата навечер директорот на Националниот сеизмолошки центар на Непал, Лок Баиџаија Адикари.

За весникот Kantipur, Адикари, вели дека по првиот главен подземен удар, кој е регистриран во саботата во 11,41 часот по локално време, 9,11 по македонско време, со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, чиј епицентар бил на повеќе од 85 километри северозападно од престолнината Катманду, со жариште на длабочина од 15 километри и вториот потрес по половина час подоцна и имал магнитуда од 6,6 степени, со хипоцентар на 10 километри длабочина, следувале уште 58 последователни потреси со магнитуди над 4 степени.

Земјотресот бил уште поразорен поради плиткоста, според некои сеизмолошки податоци на само два километра под површината, уривајќи згради, отворајќи пукнатини на патиштата и терајќи ги луѓето во паника да бараат отворени простори додека афтершоковите ги тресат нивните веќе начнати домови.

Според последните информации, бројот на жртвите веќе надминал 1.500 луѓе, од кои над 200 во престолнината Катманду. Жртви има и во соседните Индија, Бангладеш и на Тибат, а на Монт Еверест се пребројуваат жртвите од лавината покрената од потресите. Непалските власти прогласија вонредна состојба во погодените региони. Индиските воздухопловни сили започнаа со евакуација на своите граѓани кои во Непал престојувале како туристи, и исто така испратија помош во обучени спасувачки тимови и хуманитарна помош. Многу земји во светот, веќе ги одредија првите контингенти помош за сиромашната земја со 28 милионско население.

Афтершоковите се повторни сеизмички потреси кои се јавуваат по некој силен, таканаречен главен сеизмички удар. Понекогаш, по силен земјотрес, тие може да се случуваат и неколку месеца потоа. Овие последователни потреси се многу опасни, бидејќи може да влијаат за уривање на веќе оштетените објекти, што ги попречува спасувачките напори.

Би можело да ве интересира

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал