Најмалку 876 лица загинаа во земјотресот во Непал

Од:

Најмалку 876 лица загинаа во денешниот разорен земјотрес, со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала во Непал, соопшти непалската полиција.

Претставник на Министерството изјави дека меѓу загинатите 181 лице се од главниот град на Непал, Катманду.

Најмалку осум лица загинаа, кога огромна лавина се урна врз дел од камп за планинарите на Монт Еверест. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се повредени и 30 планинари во базниот камп на Монт Еверест.

Непалското Министерство за туризам потврди дека во лавината загинале најмалку осум лица, а можно е бројот на жрвите да се зголемува и меѓу нив можно е да има и странци и водичи, шерпаси.

Лавината се случила кај замрзнат водопад, каде се наоѓал кампот, во кој престојувале повеќето планинари, соопшти Планинарскиот сојуз на Непал.

Земјотресот има погубни последици и во околните земји. Во Индија загинаа најмалку 20 лица, шест во Тибет и двајца во Бангладеш, а двајца Кинези животот го загубија на непалско-кинеската граница.

Институтот за геолошко и метеоролошки истражувања на Индија соопшти дека плиткиот земјотрес погодил подрачје на 81 километар од Катманду.

Во главниот град се уништени поголем дел од патиштата, а причинета е и штета на меѓународниот аеродром, кој од безбедносни причини ќе остане затворен на неопределено време.

Земјотресот предизвика уривање на голем број згради во Катманду, голем број луѓе се повредени, а над градот е надвиснат облак од прашина.

Најмалку 50 лица се заробени во зграда од девет катови од 19. век во Катманду, која се урна, а според тврдењата на очевидци има жртви.

Би можело да ве интересира

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал