Над две илјади лица загинаа во земјотресот во Непал

Од:

Над две илјади лица загинаа во катастрофалниот земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди Непал, соопштија властите во земјата и во соседните држави.

Во главниот град Катманду загинаа 721 лице. Во земјотресот има најмалку пет илјади ранети.

Педесет и осум лица загинале во Индија, соопшти индиското Министерство за внатрешни работи.

Најмалку 17 лица загинаа во Тибет, а според информации на локалните власти 20 згради се разурнати во регионот. Силните снежни вржени ги попречуваат спасувачките операции.

Најмалку 6,6 милиони жители на Непал се погодени од земјотресот, кој е почувствуван и во околните држави, соопшти Мисијата на Обединетите нации за оценка и координација при несреќи во земјата.

Постојаниот претставник на мисијата Џејми Макголдрик изрази подготвеност експертите да и помогнат на непалската Влада и на настраданите во трагедијата, но додаде дека монсунскиот период, кој се наближува може да ги отежне спасувачките работи.

Авиони од военовоздухопловните сили на Индија доставија денеска во Катманду 43 тони хуманитарен товар, вклучувајќи шатори и прехранбени производи, а во Непал пристигнаа и околу 200 спасувачи, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи.

Вторичен потрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска на 78 километри источно од Катманду, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на длабочина од десет километри, а по него имало уште еден потрес со интензитет од пет степени и епицентар на 50 километри источно од Катманду, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Би можело да ве интересира

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал