Mугабе „подготвувал заговор“ против Јужноафриканската Република

Од:

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе подготвувал „таен заговор“ против соседна Јужна Африка и нејзиниот претседател Џејкоб Зума, пишуваат британски и африкански медиуми, повикувајќи се на еден „таен документ“ на тамошната разузнавачка агенција, кој е обелоденет во Хараре.

Според документот, Мугабе тајно се сретнал со шестмина Либанци на кои им дал задача да ја убијат советничката за медиуми на претседателот Зума, како и да предизвикаат „несреќен случај“, во кој тој ќе настрада. Според овој документ изнајмувањето на платените убијци се случило на почетокот од овој месец.

Опозицијата во оваа африканска земја со која со децении управува Мугабе, побара детална истрага за случајот, додека функционери на владеачката ЗАНУ партија ги отфрлаат ваквите обвинувања против нивниот долгогодишен лидер.

Претставник на партијата, за лондонски „Гардијан“ вели дека станува збор за „обично подметнување“, како и дека целта на опозицијата е „да се намести претседателот“ пред претстојните избори во Зимбабве.

Појавувањето на „тајниот документ“ доаѓа во време на значително влошени односи меѓу Зимбабве и Јужноафриканската Република. Властите во Хараре се гневни на „мешањето“ на соседната земја во внатрешните работи, откако советничката на Зума за односи со медиумите, Миндива Зулу заговараше одлагање на изборите во Зимбабве.

Според медиумски извори, Мугабе ја навредувал Зулу, нарекувајќи ја „глупава идиотка“, како и „мала уличарка“.

Лондонските медиуми укажуваат дека не е прв пат ваква криза во односите на двете соседни земји, како и дека често се зборува за тајните операции на зимбабвиските државни агенти на територијата на Јужна Африка за ликвидирање на противниците на режимот на Мугабе.

Весниците во Јохансбург тврдат дека дури деветмина политичари од Зимбабве настрадале во сомнителни сообраќајни несреќи во Јужна Африка.

Појавувањето на „тајниот документ“ во Хараре затоа се оценува како предупредување дека Мугабе е подготвен на се, за да се пресмета со своите критичари и да се одржи на власт. Сегашниот јужноафрикански претседател Зума има многу потврд став кон власта во Хараре, од неговиот претходник Табо Мбеки.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска