Меј не се откажува од планот од Чекерс за идните односи со ЕУ

Од:

Британската премиерка Тереза Меј смета дека нејзиниот план, претставен во резиденцијата Чекерс пред неколку месеци, е единствениот реален план доколку Велика Британија и Европската унија не постигнат договор за нивните натамошни односи по Брегзитот.

Планот предвидува исклучително високо ниво на усогласеност на британските со европските регулативи во економијата и по напуштањето на ЕУ. Овој план предизвика оставки на министрите за Брегзит и за надворешни работи, Дејвид Дејвис и Борис Џонсон, кои бараа поголема дистанца на Велика Британија од ЕУ по Брегзитот.

– Мислам дека ќе постигнеме добар договор кој ќе можам да го претставам пред британскиот Парламент, изјави Меј, додавајќи дека не сака состојба во која британските компании ќе мора да почитуваат голем број регулаторни режими и нема да знаат како да работат.

Планот од Чекерс исто така предвидува да не се воведе цврста меѓународна граница меѓу Република Ирска и британската област Северена Ирска, кое е второто најсериозно отворено прашање меѓу Велика Британија и ЕУ.

Брисел и Лондон си поставија за цел да склучат договор за нивните идни трговски и други односи најдоцна до почетокот на ноември.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче