Специјалците за борба против тероризам од Малезија денеска, во последен миг, спречиле 14-годишна девојка да замине на боиштата на Исламската држава во Ирак и Сирија.
Девојката е фатена пред заминување кон аеродромот, со авионски билет и 600 долари кои, како што признала, ги добила од човек кој ја убедил да се бори на страната на Исламската држава.
Девојката на родителите и пријателите им објаснила дека ќе замине на студии во Каиро.
Полицијата според описот трага по човекот кој регрутира млади луѓе.