Британија: Огромниот руски конвој напредува бавно кон Киев

Од:

Според проценката на британската воена разузнавачка служба, во последните три дена е постигнат само мал напредок во движењето на огромниот руски конвој кој се приближува до Киев.

Главниот дел од конвојот што се приближува кон градот од север „останува на повеќе од 30 километри од центарот на градот поради украинскиот отпор, механичките дефекти и застојот“, се вели во новиот извештај на британското разузнавање, пренесува Би-би-си.

Министерството за одбрана додава и дека градовите Харков, Черновци и Мариупол се уште се под контрола на Украина.

Што се однесува до податоците за жртвите во Русија, Британија прогнозира дека реалните бројки се значително поголеми од 498 загинати и 1.597 ранети, колку што официјално објави Москва досега, и дека ќе продолжи да расте.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани