Агитаторите на ИД изолирани од другите затвореници во Малезија

Од:

Малезискиот министер за внатрешни работи Захид Ахмад Хамиди денеска соопшти дека затворениците осудени за организирање на поддршка на групата Исламската држава од вчера се затвораат во посебни келии, бидејки својата пропаганда продолжиле да ја шират и во затворите.

Осудените агитатори на идеологијата на ИД, министерот ги нарече тврдокорни лица кои пред другите затвореници не кријат дека ќе се жртвуваат за идеите на Исламскиот Калифат и затоа било неопходно тие да се неутрализираат.

Хамиди ја повтори загриженоста на Малезија од влијанието на пропагандата на исламскиот радикализам во државата, но и во поширокиот регион. Според Хамиди, досега на боиштатата во Ирак и Сирија загинале 67 државјани на Малезија.

Малезија, во соработка со полицијата и разузнавањето од Сингапур води обемни акции за спречување на заминувањето на нејзините граѓани на боиштата, но и за спречување на агитаторите кои нудат прилично високи парични средства за заминување во борба на страна на Исламската држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска