Афрички бран со пеколни температури се движи кон Европа, во Италија измерени речиси 50 степени

Од:

Силен топлотен бран се шири од северот на Африка кон југот на Европа, објави шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

Како што вели, во вторникот во Тунис се измерени 49 степени, што претставува историски рекорд.

Просечната температура во Тунис за месецот август се движи околу 30 степени, а измерената температура од вторникот го урна рекордот од 47 степени кој беше измерен во јули 1943 година.

Ова е само почеток на „пеколниот топлотен бран“, напиша метеорологот.

Како што пренесуваат медиумите, во вторник во Сицилија во Средоземното море била измерена температура од дури 47 степени.

Скот наведува дека Шпанија е следна која ќе се најде на патот на топлотниот бран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески