Србија имаше водство од 3-1, но ја испуштија победата против Камерун играјќи 3-3, па сега ќе „викаат“ и ќе чекаат разврска на дуелот меѓу Бразил и Швајцарија, што треба да им отвори шанса во третото коло да се борат за пласман во нокаут фазата.
Камерунците поведоа со голот на Жан Чарлс Кастелјето во 29.минута, но Србија се врати во игра со голот на Павловиќ во 45.минута. Само три минути подоцна, во судиското продолжение од првиот дел, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се погрижи за пресврт.
Во вториот дел, Александар Митровиќ круниса една добра акција на Србите со трет гол во 53.минута и се чинеше дека отпорот на Камерун е скршен.
Но, така не мислеа Камерунците. Две грешки во одбраната на Србија при поставување офсајд замка донесоа израмнување. Прво Абубакар со лоб удар намали