Шпанија ја победи Италија и сe пласира во финалето во Лигата на нации

Од:

Шпанија ја совлада Италија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. Головите за гостите ги постигна Феран Торес во првото полувреме, Лоренцо Пелегрини во 83.минута ги постави конечните 2:1.

Италија од 42. минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Леонардо Бонучи.

Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот Белгија – Франција. Овој дуел се игра вечер од 20:45 часот во Торино на стадионот на Јувентус.

Тимот што загуби ќе игра со Италија за третото место.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска