Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Од:

Македонската фудбалска репрезентација денеска против Бугарија го товра новиот циклус во Лигата на нации. Преку ова натпреварување, нашиот национален тим го обезбеди историското прво учество на Европското првенство во 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Овој пат македонскит состав е во посивоско натпреварувачко ниво и од оваа конкуренција ќе треба да се бори за висок пласман.

На гостувањето кај Бугарија, тимот на Благоја Милевкси ќе биде без Аријан Адеми и Стефан Ристовски како и убеш уште неколкумина кои отсуствуваат проади повреди. Капитенската лента му припадна на Енис Барди.

Не очекуваат важни натпревари, четири во низа и ќе дадеме максимум за да оствариме добри резултати. Верувам дека ќе стартуваме позитивно“, изјави Барди пред почетокот на новиот циклус.

Филип Крастев ќе го замени Кристијан Малинов во стартниот состав на Бугарија на денешниот прв натпревар од новото издание на Лигата на нации на УЕФА против Македонија во Разград. Бугарските медиуми го открија составот на селекторот Јасен Петров.

Дефанзивниот играч за врска Малинов, кој настапува во белгиски Леувен, има болки и селекторот Јасен Петров одлучил да му даде шанса на Крастев од Левски.Малинов ќе остане резерва, а поради здравствени проблеми мечот ќе го пропуштат Едисон Јорданов, Радослав Кирилов и Георги Јомов. На голот на Бугарија ќе биде Николај Михаилов, а во одбраната ќе бидат распоредени Антон Недјалков, Иван Турицов и браќата Андреа и Петко Христови како централни стопери. Во средниот ред ќе делуваат Филип Крастев, Ивајло Чочев и Тодор Неделев. На крилните позиции се Георги Миланов и Кирил Десподов, а најистурен кон голот на Македонија треба да биде Атанас Илиев.

Македонија и Бугарија досега немаат одиграно официјални средби. Во досегашната историја од 1993 година, па наваму двата тима се сретнаа седум пати во пријателски натпревари. Бугарите според статистиката се поуспешни – имаат четири победи, Македонија славеше двапати, додека еден дуел заврши нерешено.

По средбата со Бугарија, македоснката репрезентација патува на гостувањето кај Губралтар закажано за в недела. Во јунскиот термин на 9. јуни нашиот тим има домашен натпревар против Грузија, а завршува против Гибралтар со средба која ќе биде одиграна исто така во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата

ВИДЕО: Третото место во Лигата на нации за Италија