Саво Милошевиќ поднесе оставка од тренерската функција во Партизан

Од:

Во изненадувачки потег кој одекна како бомба во српската спортска јавност, тренерот на Партизан Саво Милошевиќ денеска соопшти дека поднел оставка од позицијата.

На негово место доаѓа Александар Станоевиќ, кој веќе го има водено клубот како привремен тренер.

Поранешниот репрезентативец и фудбалер на Партизан Милошевиќ, кој го водеше клубот една и пол година, напиша проштално писмо до навивачите, во кое вели дека не можел да постигне поголеми успеси со тимот кој го имал на располагање.

„Сметам дека не можам да извлечам повеќе од она што го постигнавме. Затоа, мислам дека е максимално коректно спрема сите: клубот, навивачите, вработените, односно кон самата екипа, да се повлечам. Ова не е одлука донесена преку ноќ и од револт, туку одлука која во мене постоеше и траеше месец дена,“ напиша Милошевиќ.

„Им се заблагодарувам на челните луѓе на клубот на укажаната можност да работам во Партизан, а потоа и на повеќе од коректната пријателска и деловна соработка, од првиот до последниот ден,“ додаде тој.

Заедно со Милошевиќ, од Партизан си заминале и неговиот прв помошник, Радован Ќурчиќ, кој пристигна во клубот пред само два месеца, како и вториот помошник, Ненад Цветковиќ. Не е познато дали уште некој од играчите или од стручниот штаб ќе го следи Милошевиќ во одлуката да го напушти клубот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Навивачите на ПАОК нападнати по дербито во Белград

Предраг Петровиќ