Роберто Карлос: Додека Меси и Кристијано се на ниво, Нејмар секогаш ќе биде трет

Од:

Бразилската легенда Роберто Карлос го сподели своето мислење за огромната амбиција на Нејмар да стане најдобар фудбалер во светот. Според него, сонародникот ќе мора да почека на својата промоција, бидејќи се уште заостанува зад Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

– Мислам дека Нејмар постапи правилно со трансферот во Пари Сен Жермен. За да биде број 1 мораше да ја напушти Барселона, бидејќи таму е Меси. Тој, сепак, треба да сфатат дека додека Лео и Кристијано се на ниво, тој секогаш ќе биде трет, рече Карлос.

Тој како дополнително отежнување кон искачувањето на врвот за Нејмар ја наведе повредата.

– Повредата на Нејмар е тежок удар за него. Ние, Бразилците, сме многу религиозни. Не мислам дека она што се случило е случајно. Сега тој ќе е многу повеќе фокусиран во својата работа и ќе се грижи повеќе за себе, додаде карлос.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето