Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Од:

Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија во декември 2022 година и започна фудбалска револуција во оваа земја, но може да ја промени средината уште ова лето. Според информациите на Алхаза Мутаб, еден од најинформираните новинари за арапскиот фудбал, Кристијано Роналдо подготвува спектакуларно враќање во татковината Португалија каде сака да ја заврши својата богата фудбалска кариера.

Иако Роналдо е убедливо најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 200 милиони евра, се чини дека не е задоволен од многу работи во Саудиска Арабија. Меѓу другото, Роналдо не може да освои трофеј со Ал Наср и засега Ал Хилал доминира.

Иако статистиката покажува дека Роналдо е во врвна форма (36 гола и 12 асистенции на 37 натпревари за Ал Наср), сепак евидентно е дека тој не игра ни приближно на своето поранешно ниво. Тоа го поткрепуваат и зголемените изливи на гнев и исклучувања кои никогаш не го следеа додека играше во Европа, но ќе му биде многу комплицирано да го раскине договорот бидејќи покрај тоа што е „врзан“ до 2025 година со Ал Наср, има и обврски од комерцијален карактер кои се поврзани со промоција на локалниот фудбал и државата.

Засега нема информации каде ќе ја продолжи кариерата во Португалија, но се претпоставува дека тоа ќе биде Спортинг Лисабон, каде што израсна, а за кој настапуваше до 2003 година, кога беше купен од Манчестер Јунајтед.

Во текот на кариерата, секако, играше и за Реал Мадрид и Јувентус, додека пред да дојде во Ал Наср уште еднаш го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Би можело да ве интересира

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот