Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Од:

Откако неодамна стигна до бројката од 901 гол во кариерата за Португалија, Кристијано Роналдо бележи рекорди и во онлајн сферата бидејќи прв ја собори границата од една милијарда следбеници на социјалните мрежи.

Имено, тој го постигна ова достигнување само неколку недели откако отвори канал на Јутјуб, каде сега има над 60 милиони следбеници, што само се надополнува на бројките на другите платформи.

Сето тоа Роналдо успеа да го направи во периодот од 21 август до 12 септември, а преку мрежите испрати моќна порака до своите фанови по повод јубилејот.

„Ние направивме историја – 1 милијарда следбеници! Ова не е само бројка – тоа е доказ за нашата заедничка страст, посветеност и љубов кон играта и многу повеќе. Од улиците на Мадеира до најголемите сцени во светот, секогаш сум играл за моето семејство и за вас, и сега 1 милијарда од нас стојат заедно, низ сите подеми и падови, ние покажавме дека нема ограничувања за тоа што можеме да го постигнеме. Ви благодарам што верувате во мене, за вашата поддршка и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа, а ние ќе продолжиме да ги поместуваме границите, да победуваме и заедно да пишуваме историја“, напиша Роналдо.

Инаку, Роналдо има 639 милиони следбеници на Инстаграм, 170 милиони на Фејсбук, додека на Х има 113 милиони, а бројката до една милијарда ја пополнуваат следбениците на кинеските платформи.

Би можело да ве интересира

Русинка шокира со својот изглед: „Мажите не можат да се носат со мојата големина“

Предраг Петровиќ

Легендарниот Французин тврди: Погба му фрли црна магија на Мбапе

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

Шер реши да се повлече од сцената: Сакам да имам пак 60 години, секаде сум најстара