Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека „кралскиот клуб“ нема намера да направи големи набавки во најблискиот трансфер прозорец.
– Нема да има големи трансфери кај нас ова лето. Многу е тешко прво да ги замолите играчите да прифатат помали плати, а потоа да трошите пари за да купите некого. Реал Мадрид ќе донесе некое засилување кога ќе се справи со тековните проблеми, изјави Перез.
Реал Мадрид успеа по 34 пат да ја освои шампионската титула во Шпанското фудбалско првенство.