Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

Од:

Фудбалерите на Барселона, Роналд Араухо, Педри и Усман Дембеле ќе го пропуштат натпреварот во 10. коло од шпанското првенство против Реал Мадрид, објави „Марка“.

Според шпанскиот весник, играчите нема да имаат време да закрепнат од повредите пред средбата со мадридскиот тим.

Тренерот на Каталонците, Роналд Куман, се надеваше дека ќе може да смета на барем еден од играчите, но медицинскиот персонал на клубот одлучи да не го ризикува нивното здравје.

Средбата на Барселона против Реал Мадрид ќе се одигра в недела на 24 октомври.

Би можело да ве интересира

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Општа тепачка во Мадрид: Се замаваа Реал и Партизан

Предраг Петровиќ

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ