Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Од:

Алпинистката од Јужноафриканската Република, Сарај Н’куси Кумало вчера се искачи на врвот Монт Еверест, со што стана првата црна Африканка која го освоила највисокиот врв на светот, соопшти Владата на ЈАР.

Кумало (47) успеа да се искачи на врвот висок 8.850 метри по три неуспешни обиди поради временските услови и земјотресот во 2015 година.

– Таа е родена во Замбија, по потекло е од Руанда, а државјанка на ЈАР, оваа наша сестра од Африка ја постигна својата цел да стане првата црна жена од Африка на врвот Монт Еверест, напиша организаторот на експедицијата на Фејсбук.

Јужноафриканската Влада пак, на Твитер објави: „Ѝ честитаме на имбокодо (силната жена) Сарај Кумало на тоа што стана првата Африканка која стигнала до врвот на светот, освојувајќи го Монт Еверест“.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Голема лавина на Монт Еверест, исчезнаа тројца непалски водичи

Горан Наумовски

Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на двајцата алпинисти

Спортски качувачи се натпреваруваа по карпата на Демиркаписка клисура

Ана Ололовска