Спортски качувачи се натпреваруваа по карпата на Демиркаписка клисура

Од:

Спортски качувачи се натпреваруваа вчера по карпата на Демиркаписка клисура. Станува збор за зимско движење по карпа со алатки за качување по мраз. Организатори на натпреварот беа демиркапискиот клуб ,,Карпа за секој” и македонската Спортско качувачка федерација.

-Имавме 16 возрасни натпреварувачи од двата пола, членови на Федерацијата, се почитуваа сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19. Во машка конкуренција најдобар беше Јован Иванов од СКК ,,Астибо” Штип. Кети Талевска од СКК ,,Вертикал” Битола беше најуспешна во женска конкуренција, рече за МИА Александар Кленов, претседател на клубот.

Тој е меѓународно познат алпинист од Русија, кој пред неколку години со своето семејство одлучи да живее крај Клисурата.

Кленов информираше дека на настанот, покрај за највештите учесници во натпреварот, биле доделени награди и за најдобрите спортски качувачи по природни карпи за минатата година. Исто така, на демиркапиецот Ќиро Ѓорѓиев му била врачена диплома за инструктор за качување по карпи. Тој е втор таков инструктор во локалниот клуб, по Кленов.

-Сево ова е во насока на промовирање на каменото богатство над реката Вардар и проширување на можностите за туризам. Особено поради фактот што ваквите карпи за зимско качување се ретки во светски рамки, нагласи Кленов.

Интересно е што се работи за сектор предвиден за искачување во зимски услови, кој се вика „Плажа”.

Би можело да ве интересира

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на двајцата алпинисти

Натпревар во качување карпи на Демиркаписка клисура

Драган Поповски

(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Искра Манојлоска

Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на сите седум континенти

Татјана Ташкова

Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Ана Ололовска