Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на двајцата алпинисти

Од:

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча” од Радовиш.

Тие ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим” кај Радовиш.

Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш.

Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓу другото се наведува дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча”, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Од Обвинителството додаваат дека е забрането работењето на тој дел од рудникот, и истиот е обезбеден од полициски службеници, а увидот продолжува и денеска со увид на местото на несреќата со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш веќе ставен под контрола, активни 15 пожари

Нов пожар на местото на досегашниот кај Радовиш

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри