(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Од:

Алпинистката Илина Арсова на 27 декември го освои врвот Винсон на Антарктикот и со тоа стана првата Македонка која ги искачила седумте највисоки врвови на планетата.

Врвот Винсон е последниот од седумте највисоки врвови кои Арсова ги освоила: Аконкагва во Јужна Америка, Килиманџаро во Африка, Еверест во Азија, Елбрус во Европа, Денали во Северна Америка, Пунџак Џаја во Австралија и Океанија.

Со овој подвиг, таа официјално стана вториот човек од Македонија кој ги освоил седумте врвови, по докторот Сашко Кедев кој тоа го направил пред десетина години, а е трета која го посетила Антарктикот, по Кедев и Јовица Угриновски.

Арсова вели дека е прекрасно што исполнувајќи ја таа своја лична цел, успела да ја направи горда цела држава.

Антарктикот е најстудениот континент, па затоа таа за овој подвиг се подготвувала психички и физички, од март до ноември пливала во Охридско Езеро.

Таа во минатото кога искачувала врвови во екстремно ниски температури добивала смрзнатини на лицето и прстите, но тоа овој пат не и се случило.

Додека се наоѓала на Антарктикот, температурата паѓала до минус 18 внатре во шаторите од експедицијата, а на врвот според Арсова имало минус 40 степени.

Експедицијата во која учествувала Арсова броела четворица алпинисти и еден водич.

Арсова освен што е ликовен уметник и алпинист, таа е и активист за заштита на животната средина, па затоа истакна дека Антарктикот е најчистото место на планетата, каде владејат строги правила за одржување на животната средина.

Таму зад себе не смее да се остави никаков смет, па затоа учесниците на експедицијата својот измет го чувале во кесички и го вратиле назад со авионот во Чиле.

Арсова во 2013 година стана првата Македонка која го освоила Монт Еверест.

Би можело да ве интересира

Несреќа на Паг: Еден маж загина при искачување на карпа, спасувачите се мачат да стигнат до вториот алпинист

Горан Наумовски

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри