Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Од:

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави попладнево на Фејсбук, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

– Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега не излеговме со официјални информации. Воедно, ве информираме дека во текот на искачувањето се појавиле проблеми од здравствена природа, и дека, во моментов Здравко е надвор од животна опасност. Одржуваме контакт со неговото семејство и во периодот кој следи ќе има повеќе информации директно од Здравко или од нас. Замолуваме за етика и воздржаност од споделување на непотврдени информации. Ви благодариме однапред на разбирањето, се наведува во објавата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Вчера се појавија неофицијални ФБ објави дека Дејановиќ при искачувањето на Лотце, четврти највисок врв на Хималаите, се здобил со измрзанатите на рацете и со хеликотер бил пренесен во тамошна болница.

Од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера не сакаа да дадат официјално соопштение, и најавија дека за случајот ќе информираат само преку својата фб страница.

Би можело да ве интересира

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Тензично на Хималаите, Индија испраќа војска на границата со Кина

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он