Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија. Денешниот ждреб во Франкфурт беше неповолен за „црвено-жолтите“ со оглед на квалитетот на ривалите, но секако многу атрактивен. Поранешни светски и европски шампиони Италија и Англија повторно ќе бидат ривали на Македонија.
Италија, Англија, Украина, Малта се противниците на македонската репрезентација во претстојните квалификации за Европското првенство.
Домаќинот Германија и 23 репрезентации кои ќе ги минат квалификациите ќе играат на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи во 10 града.
Квалификациите ќе се играат од март до ноември следната година.