Успех е самиот настап на ЕП, немам проблеми ниту со играчите, ниту со селекторот, вели Сејдини

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕВРО 2020 е успех за македонскиот фудбал.

– Секоја работа околу организацијата ФФМ ја оствари уште во декември или почетокот на годината, така што се знаеше кој, каде и што ќе работи и што ќе биде. Околу резултатите беше исто прашањето дали сме задоволни или не. Ние со самото учество веќе задоволувавме се. Самото учество за нас беше предизвик. Им посакувам многу среќа на нашите фудбалери, го дадоа својот максимум. Дали искуството, дали нешто друго резултатите беа тие коишто веќе ги знаете, изјави Сејдини.

Тој ги демантира шпекулациите кои се појавија дека има нарушени односи со некои од фудбалерите и со селекторот Игор Ангеловски.

Сум кажал и претходно, односот мој како претседател е ист, како што бил и досега. Јас односи имам со сите и со фудбалери и со селектор и со стручниот штаб и со другите, така што јас немам никаков проблем со никого, нагласи Сејдини по враќањето на репрезентацијата од 16. Европско првенство.

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена