Нема причина за разочарување, огромно беше задоволството да се води Македонија на ЕП, вели Ангеловски

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство.

– Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал да им се заблагодарам на фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев за сè што направија на ЕВРО 2020. Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство, изјави Ангеловски.

Според најавите, и Ангеловски го имаше последниот натпревар како селектор, бидејќи, како што рече тој самиот, договорот со Фудбалската федерација на Македонија му истекува на 31 јули.

Би можело да ве интересира

Милевски: Во историјата Македонија нема играно ваков фудбал, верувам дека до крајот ќе бидеме конкурентни за второто место

Ана Ололовска

Македонските фудбалери мотивирани и подготвени ја пречекуваат Романија во мундијалските квалификации

Ана Ололовска

Милевски: Заслуживме победа

Ана Ололовска

Македонските фудбалери испуштија два гола предност, изиграа реми во Рејкјавик

Ана Ололовска

Македонскиот состав со гол на Велковски води на полувреме во Рејкјавик

Ана Ололовска

Милевски со две измени во стартниот тим против Исланд

Ана Ололовска