Игор Ангеловски е нов тренер на казахстанскиот Каспиј

Од:

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, пронајде нов ангажман во Казахстан. Тој е нов тренер на Каспиј, клубот каде што претходно настапуваше и екс-голманот на Работнички, Ристо Јанков, а сега член е Стефан Коцев, кој настапуваше за Брегалница.

Каспиј по шест кола е на последната позиција на табелата во првенството на Казахстан, со само една победа и пет порази на стартот.

Игор Ангеловски претходно беше на кормилото на хрватскиот клуб Горица.

Би можело да ве интересира

Горица го отпушти Игор Ангеловски

Една година беше без работа – Игор Ангеловски ја презеде Горица

Нема причина за разочарување, огромно беше задоволството да се води Македонија на ЕП, вели Ангеловски

Жарко Настоски

Ангеловски: Главата горе, одиме натаму

Ангеловски: Честитки за головите-првенци на Чурлинов и Ристовски

Жарко Настоски

Ангеловски: Секогаш одиме на победа без оглед дали играме пријателски или натпревар за бодови