Ангеловски: Честитки за головите-првенци на Чурлинов и Ристовски

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски вечерва искажа пофални зборови за настапот на младите играчи кои добија шанса и ја искористија запишувајќи се во листата на стрелците на средбата во победата над Казахстан.

-Тие се тука затоа што добро ги знам нивните квалитети. Јас како селектор морам да мислам и на македонската иднина. Тие што добија шанса покажаа дека можам да сметам на нив. Честитки за нивните првенци во репрезентативниот дрес, изјави Ангеловски на прес-конференцијата по мечот со Казахстан.

Запрашан за состојбата на Барди, Ангеловски уште еднаш изрази надеж дека Енис ќе добие негативен тест на коронавирус и дека ќе биде на располагање за мечот со Австрија на 13 јуни.

-Оптимист сум затоа што нема симптоми. Индивидуално работи со кондицискиот тренер. Имаше повеќе од успешна сезона. Неговата физичка подготовка можеби нема да биде идеална, но верувам дека 70-80 % ќе биде спремен до Австрија. Се молам само да добие негативен тест, за да биде со нас.

Вечерашната средба со Казахстан беше втор подготвителен натпревар за „рисовите“ кои на 13 јуни во Букурешт против Австрија ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство. Први голови во дресот со националниот грб постигнаа Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери го одржаа првиот тренинг во Амстердам

Жарко Настоски

Нашите фудбалери ќе го гледаат Симон Трпчевски во живо во Букурешт

Жарко Настоски

Нашите му посакаа брзо закрепнување на Ериксен, поздравот го прати капитенот Пандев

Жарко Настоски

Грчките поплаки одбиени во УЕФА – немале основа да се бунат за македонските дресови

Жарко Настоски

„Не сум расист“: Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, и тоа на македонски и албански јазик

Жарко Настоски

Ангеловски: Главата горе, одиме натаму