Ангеловски: Секогаш одиме на победа без оглед дали играме пријателски или натпревар за бодови

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа на утрешниот пријателски натпревар со Словенија.

– За прв пат ќе играме подготвителен натпревар во улога на учесници на Европско првенство. Словенија е квалитетна репрезентација. Мечот со нив ќе ни биде добар тест.

Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар, сакаме да победиме. Нема многу да експериментирам, не сум таков тренер. Она што ќе ценам дека е потребно да проверам ќе проверам, изјави Ангеловски.

Тој упати повик до македонските навивачи во максимално дозволениот број да присуствуваат на стадионот.

– Утре по подолго време ќе има публика. Фудбалот се игра за публика. Посакувам нашите навивачи максимално да го пополнат дозволениот број и да им дадат безрезервна поддршка на нашите фудбалери, рече Ангеловски.

Натпреварот меѓу македонската фудбалска репрезентација и словенечкиот национален тим ќе се игра утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов