Инфантино со поддршка за Сејдини

Од:

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денес преку видео-порака му искажа поддршка на актуелниот претседател и единствен кандидат на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

– Не можам да бидам со вас, бидејќи сум во Мароко, но со срцето сум таму со вас. Муамед е номиниран како единствен кандидат на претседателските избори во вашата федерација. Драг пријателе, ти честитам однапред. Одлично ја работиш работата и се разбира дека ќе продолжиш така со својот тим и во иднина. Честитки и за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство. Вашиот слоган е „Сега е наше време“. Сега е ваше време, време да заблескате, да се развивате и во женскиот и младинскиот фудбал. Во овој развој секогаш можете да сметате на ФИФА. Со нетрпение чекам кога ќе дозволат условите да дојдам и повторно да се сретнеме. Ви посакувам успешно Генерално изборно собрание и успешен настап на ЕП, рече во обраќањето на Инфантино.

ФФМ денеска одржува Изборно собрание на кое се очекува Муамед Сејдини да добие нов претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени