„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) планира да воведе и син картон како форма на казна, покрај црвените и жолтите картони, пишува британски „Телеграф“.

Телеграф се повикува на оригиналните документи од Бордот на ФИФА, како и на фактот дека тоа ќе биде прва голема промена во санкционирањето на играчите од 1970 година.

По добивањето син картон, играчот ќе мора да ја напушти играта на десет минути. Според правилникот, играчите кои ќе направат доволно груб прекршок или во случај на играчи кои немаат доволно почит кон судиите, би биле казнети, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Легендарниот Французин тврди: Погба му фрли црна магија на Мбапе

Предраг Петровиќ

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта