Женската фудбалска репрезентација на Косово ќе гостува месецов во Северна Македонија, каде што со домаќинките ќе одигра два пријателски меча, објави денеска Фудбалската федерација Косово (ФФК) на својата веб-страница.
Kосовските фудбалерки ќе допатуваат во Скопје на 6-ти, додека натпреварите ќе се одиграат на 8 и 11 април.
Според објавата на ФФК, селекторката на косовската репрезентација, Афердита Фазлија за овие натпревари ќе може да смета само на две фудбалерки кои играат во странство, додека сите останати ќе бидат од домашните клубови.