Бушар и Стосур елиминирани од Вимблдон

Од:

Канаѓанката Еужени Бушар, финалист во 2014 година, беше елиминирана денеска од Вимблдон. Таа во вториот круг загуби од Австралијката Ешли Барти со 4:6, 5:7.

Во вториот сет, Бушар водеше со 5:2, но ги загуби следните пет гема, со што го изгуби и мечот. Барти 17-то рангирана ќе игра во следната рунда со руската тенисерка Дарија Касаткина. Таа ја порази Јулија Путинцева (Казахстан) со 6:2, 6:3.

Вториот круг го помина и поранешната број еден во светот и финалистка на „Вимблдон“ од 2016 година – Анжелик Кербер.

Германката, го загуби првиот сет против Американката Клер Лиу, но направи пресврт за 3:6, 6:2, 6:4. Во третиот круг Кербер ќе игра со Јапонката Наоми Осака, која не загуби сет против учесничка со „вајлд карта“ Кејти Бултер од Велика Британија – 6:3, 6:4.

Дарја Гаврилов пак го освои целосно австралискиот дуел со Саманта Стосур, откако ја надигра со 6:4, 6:1.

Белгијката Елизе Мертенс ја победи Саша Викери со 6:1, 6:3, а за третиот круг се пласираа уште чехињата Барбора Стрицова, Шпанката Карла Суарез Наваро, Су-Веи Сие (Тајван), Катарина Сињакова (Чешка).

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ