Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Од:

Карлос Алкараз, вториот тенисер во светот, е добитник на АТП наградата „Штефан Едберг“ за фер-плеј, професионализам и интегритет, на и надвор од теренот.

Шпанскиот тенисер стана четвртиот тенисер од својата земја кој добил награда која го носи името на поранешниот светски тенисер број еден од Шведска.

Така тој им се приклучи на Хозе Игуерас (1983), Алекс Кореча (1996, 1998) и Рафаел Надал (2010, 2018-21).

Интересно, Алкараз, кој го освои Вимблдон оваа година, веќе има неколку награди на АТП – тој беше најдобар дебитант во 2020 година и најподобрениот играч во 2022 година.

„Исклучително сум среќен што ја освоив наградата Стефан Едберг за фер-плеј. Особено сум среќен што тоа е награда што ја одбраа моите колеги. Многу ми значи, затоа многу ви благодарам на сите“, рече Алкараз.

Изгледа едноставно неверојатно што и покрај се што направи, Новак Ѓоковиќ никогаш не го доби ова признание.

Годинава не беше ниту номиниран, а покрај Алкараз, во конкуренција беа Григор Димитров, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Наградата се доделува од 1997 година, а рекордер е Роџер Федерер кој ја добивал 13 пати, додека Рафаел Надал има пет вакви награди.

Минатата година наградата ја доби Норвежанецот Каспер Руд.

Би можело да ве интересира

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон

Алкараз го победи Томи Пол и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по пресвртот во осминафиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се расправаше со девојката, а потоа го предаде мечот-скандалот на „најоткачениот“ тенисер

Предраг Петровиќ